Новости

Uncategorized

Поранешен фудбалер на Партизан ќе игра за прилепска Победа

Прилепска Победа секојдневно работи за доведување на нови фудбалери во својот ростер за сезоната 2022/23.

Најново засилување во Победа е Марко Симуновиќ. Тој е 22-годишен десен страничен играч со македонско државјанство, но со досегашна кариера во Србија. Бил член на Партизан, Раковица и Телеоптик.

Претходно во Победа пристапија: голманот Ѓорѓи Јованоски, одбранбените фудбалери Методија Делов, Огнен Ѓурковиќ и Игор Паноски, фудбалерот за врска Хамза Рамани и левите странични фудбалери Агон Хани и Христијан Коцев. На премиерниот натпревар во Струга настапија Паноски, Рамани, Хани и Коцев, а другите конкурираат за следниот дуел, со Тиквеш во Прилеп.

Во Победа тренираат уште неколкумина странци кои се надеваат на пристапување во клубот.

Евротип
SNBROKER
To Top