Новости

Uncategorized

Торнадо на Халкидики – Вирална снимка што ќе ве натера да гледате поинаку на морето

Импресивна, но во исто време и застрашувачка водена пијавица, или мало торнадо се формирала во неделата наутро во близина на брегот на полуостровот Халкидики во Грција, пишува keeptalkinggreece.com. Поточно, таа се појавила на Касандра, кај Пефкохори, едно од омилените места на туристите од нашата земја.

На југот на полуостровот, на плажата Ксенија, туристите снимија спектакуларна сцена, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Во текот на денот поради големо количество на влага и топлина над површината на морето се формирал олуен облак. Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.

Ако е некаква утеха, пијавиците се послаби од торнадата, но можат да развијат брзина од 100 километри на час. Добрата вест е дека тие главно исчезнуваат додека да стигнат на копно.

Судејќи по коментарите, појавата на пијавици на Халкидики не е реткост. Тоа се случува секоја година, но од тоа нема голема опасност. Повремено може да разбие шатори или да исфрли крпи од плажите.

Евротип
SNBROKER
To Top