Новости

Uncategorized

На децата им е преку глава од политика!

Отровно детство, отровна младина! Што создаваме и што постигнуваме? Не само што политиката ја инфилтриравме во сите сегменти од нашето живеење, во приватноста, во „креветот“, пријателството и не само што ги обоивме сите и ги ставивме во подгрупи во зависност од нивната политичка определеност, туку во целиот овој луциден аверзичен циркуз, ги инволвиравме и децата! Нашите деца делат флаери, ги убедуваат постарите за кој да гласаат, се претставуваат како некои нови „млади сили“ и упорно сами се убедуваат и веруваат во некои постулати кои всушност нас не  ни се јасни, па камоли ним.

Во спротивно, некогаш, ние пак игравме во калта, излегувавме во паркот, се крлавме на крлешки, куку топка, криенка, царица и ластик… Јадевме вистинска храна и не ја чекавме пет сати да олади се дури не напрајме убај фотки на инстаграм профилите. Ќе се пофалевме со новиот велоспиед, а овде се фалат со татко им оти бил директор и им купил два – три телефони. Се разбира оти трчал за партијата, па ете дошол денО, па го вработиле! Нам не не бригаше кој на кого е, од каде е! Не ни беше страв да падниме, да излезиме на минус дваесет, да седиме до сто сатО, гласно да зборуваме и да се дружиме. Па и во пубертетот, знаавме каде да излегуваме и не мешавме баби и жаби. Немаш возрасни околу нас туку само наши генерации што е уште една одвратна катастрофална слика од која децата, нашите деца сакаат нешто да ископираат правејќи се и однесувајќи се како постари за десет години со некои ефтини штикли, кармини и мини здолништа.

Денес децата знаат се, и наместо да бегаат од часови и да го пијат кафето на Корзо, тие делат флаери! Политички флаери и убедуваат! И наместо згрозени од оваа слика, некои таму „надлежни“ упорно форсираат и велат браво за ваквиот живот! Епа браво за вас дами и Господа! Браво за културата, простотилукот и очигледната глупост која нема граници!

GOLD
To Top