Новости

Uncategorized

Искористете ги ,,летните” попусти на есенските парчиња облека

Летни попусти за есенска гардероба
Искористете ја магијата на летото, па додека сите бараат парчиња летна прескапа облека, вие ѕирнете во ќошот каде се оставени есенските модни парчиња. Бидете модни итри креатори и искористе ја приликата, па дури никој не гледа и не се сетил, вие снабдете ги неопходните работи за есенските денови кои баш сега можете да ги најдете на голем попуст. Обично на попуст се наоѓаат сакоата, џемперите, кожните јакнички. Проверете ги нивните бројчиња и ,,здиплете” ги во вашиот плакар. Пречекајте ја есента подготвени и насмеани. Ама баш никој не може да ве изненади ако сте доволно креативни, но се разбира и снаодливи. Совет: одбирајте ги оние покласичните модели во понеутрални бои на кои никогаш не им врви модата. Така, нема да можат да ве изненадат најновите треенови затоа што вие пред вас секогаш ќе го имате универзалното парче кое одговара со секој нов моден клик.

GOLD
To Top