Новости

Uncategorized

Сезона на свадби или сезона на маскембали?

Најрелевантно за една типична македонска свадба е фала богу да го има знамето, јаболкото и стари песни кои и тоа како би го буделе патриотското чувство. Да боли..да се наежиш. Никој ништо нема против традицијата ама таа помешанасо модерни елементи… ќе да не личи на ништо! Али уште потипична у задње време е паниката на невестите пред и за време на свадбата. Тие треба да бидат најубаЈ, шо појќе да ,,дат” за фустанО, деверо да си фрли колку можи појќе чакати за штиклите и земањето на неЕстата и да не прајме муабет колку тоа чудо пари треба и мора да се фрлат на шминкери и фризери. За сензацијата да биди уште поголема, гостите мора да испукат и да си напрат споредба со нивните свадби, а тој ефект на нивното ,,паѓање во вода” би се постигнал со декорацијата на масите, главната маса, тортите, балоните. Точно е дека атмосверата игра голема улога во расположението на присутните, ама се додека е умерена и во елегантен и префинет стил. Е овие нашиве шаштисани невевчиња изгледа дека го заборавиле тој момент кој збора оти во класиката е едноставноста и убОто, па некаде помеѓу креативноста и кабадајлукО залутале во кичерај. Торти на спратој, цвеќиња, балони, чоколадни фонтани, свеќи, огледала, екебани и прасиња. Чуда. Никаква елеганција. Да можат и слон ќе донесат внатре в сала само за да се експонираат и да бидат баги време раскажвани.

Е најбезвезен е моментО со она јакото светло неонско за брунките да си ги црцниме или да видиме дали на некоја пудрата и е размачкана, вастано потскинат и прерамките од прслукО проѕирни или и не баш. Улогата на светлото некако како да не се сваќа сериозно и после валцерО си викаш:,,За..и”! Ора се вејат и фала Богу сите по список мора да се испрат први и да го тркалат орото.

Значи оро за кумоО, оро за деверО, невестата, зетО, оро за сватојте, бабата и дедото, братО, сестрата на зетО, брачедО на невестата и стрината од Аустралија. Не дај Боже да има порачки на музика, е та стрината ќе ја љуфни работата и сакајќи да му напрај изненаџење на младенците ќе му викни тапани, гајди и …оооо тешкото ќе се мани. Ќе нуркат сите на земја, стандард старите стриковци ќе се фатат рака под рака и клекнати ќе дремат на земја пол сат и после дури ќе ја кренат едната нога и во сета таа напната атмосверица ќе речи некој:,,Абе аман ќеф си прат!” Јесте да да, али кај се зетО и невестата во случајот? На пауза? На тутун ескивират и чадат или во веце оди младата со петсто придружби оти не можи да се изнуждира чоечки.. и тежела халината. Па шо си земала таква мори еј! Во цел тој циркус и кичерај, во тие глумејнци и преправајнци, алкохолот игра исто тала важна улога оти нели без него не ни е и толку важна државата која кај да е ќе ја снема! Шо се тиче до музиката исто така, зошто толку турбофолк и кич песни од Пинк или Балканика, па ко ќе згрми Цеца сите барат нож за вените да си ги сечат. Некако се заборава оти свадбата треба да е забава, журка.. Славиме радост, нов живот, ново семејство, нова иднина. А не нагласуваме патриотски нарав и револт кон актуелната ,,психополитизирано” забегана ситуација. Фрустрацијата никој не ја остава дома и се заборава за шо се дојдени али гостите уживаат и тоа најповеќе во селфи фотките кои ги пласираат по социјалните мрежи за да им ги видеме новите костумчиња и фустанчиња. Иначе за шо биле на свадба. Има уште многу работи. Зошто музиката е толку гласна и утредента станваш зарипнат оти на маса со тој шо седиш не можиш да се слушниш.

Порано ги слекваја чЕлите оти ги стегаја нозете али сеа после вечерата јадранката заигрува. Не само шо смрди на нозе, ами почна и грдо за очи да е. Оти не ој јадранка со таква модерна тоалета копирана од Ријана и шиена три месеци Чупе! МоментО со буќето пак, е моментот кај шо ситуацијата ескалира и забавата излегва од колосек за жеништата. Значи не.. не е интересно и не е забавно да се гледаат ,,дамите” како се кубат за коси и се туркат и паѓат и се дрецкат од земја за да го фатат цвеќето. И како тоа изгорени се да се мажат за после тоа да кукаат и да те удат со муабетО:,,Уживаај дури можииш!”

Никој не знај ни за шо е ојден, дојден, за шо игра кај се наоѓа. За време на цел циркус на нови промовирани модели, зетО и невестата едвај чекат да помини моментО со сликањето и киселењето со роднините од трето колено шо ни ги виделе ни чуле. Ама никогаш.

И ќе дој некоја баба на крајО на валцерО кај шо имат момент и таман конечно си велат оти заврши ,,фијаското”, туку бабево со шамија ќе ги прекини и ќе им речи.,, Ај честито уште еднаш.. Мораме ние да одиме. Фала ви за се… Преубо беше.. и ти неесто од сеа натаму пет подолу под мажО! “

И да ќе заврши нивната песна, ни валцеро рајат нема да го изиграт и ќе заминат куртулени од напнатоста и завиени во болки во нозете и подбосени. Ќе ги избројат пликојте оти да не се лажиме, нема прва брачна ноќ ами кој дал колку пари е најважно и:,,Ауу срам да му е. Коцку ни дала ова.. Барем порцијата да си ја платеше!” А дедото, бабата и сватојте, нека се чешат плаќајќи ги кредитите за циркузО и нека се теснат поале младите во еднособно станче со сто души внатре испикани или ако имат ксмет нека одат на Онимун два три дена и да олабат тро.. Али како ќе олабај кутра нееста ако е џигер во мешето.

Е се мисли бе деца! Се дума шо сакате во животО, а вие немажените, неженетите размислете дали би ризикувале со ваква свадба или сакате убо да си помините на вашата? М? Еднаш треба да разбериме, свадбата не е циркус, свадбата не е за промовирање на нова мода, свадбата не е за будење на исчезнатиот патриотизам, свадбата е за младите! Дај бре луѓе.. Зошто бре..зошто?

GOLD
To Top