Новости

Uncategorized

Не дозволувајте животот да помине покрај вас без или едвај да го почувствувате!

За почеток да направиме сосема мал обид да не бидеме жртва на сопствената идеја. И најмалата акција не ослободува од крутоста на телото како и константната главоболка и згрченост во екстремитетите. Тоа ја повлекува мисловната форма која во себе ги содржи елементите на слобода и возбуда. Поинаку кажано, самата акција носи наслов „Радувај се додека го чекаш милионот“.

Во содржинскиот дел следи-брзото или бавното пиење на утринското кафе, движењето со мали или големи чекори кон работното место, комуникацијата со домашните, колегите, соседите и сите тие мали и големи нешта низ секојдневието, прави ги со возбуда на радост и почувствувај ја големината на животот со единствена цел -да не поминуваш низ него, животот да премине во тебе и да се стационира токму тука-во сржта на твоето постење.

Контемплирај, медитирај во движење, доживувај бои и мириси, смеј се, пеј додека го приготвуваш ручекот за твоите најмили и освести го благословот. Лошите мисли „ не ги послужувај со чај“, послужи се ти со -живот, „ милионот “ веќе го имаш, освести го во твојот мисловен процес.
И запомни-внимавај што креираш, само ти и единствено ти си креатор на животот.
Не одложувај.

GOLD
To Top