Новости

Uncategorized

Дали постои рамноправност во бракот?

Социолошките истражувања резимирале дека интегрирањето на френквенцијата на партнерите доведува до она што се вика -среќен брак.

Кога партнерите се чувствуваат рамноправни во врската, тогаш се најсреќни. Тоа секако не го носи заклучокот од перципиентот дека и двајцата мора сè во домот да делат рамноправно од едноставна причина -животот никогаш не може да се подели на две идеални половини.
Двојката станува сложна само тогаш кога и двајцата партнери подеднакво се интересираат за животот на оној другиот. Покажуваат емпатија, разбирање и дејствуваат во согласност со кажаното или можеби со неизреченото за да го наведат партнерот да си „ја кажи маката“ во врска со колегите на пример, со пријателите и било што и да е. Со заеднички сили се е решливо.
А кога ќе го сослушате, продолжете сама да раскажувате за случувањата во вашиот ден , за сите убави и неубави нешта и веднаш потоа со задоволство припремете ја трпезата за ужина, ручек или пак вечера со астал во најубави бои во чија подготовка и консумирање се вкрстиле две раце, дваесет прсти и две усти гладни за љубов , хармонија и соживот.

GOLD
To Top