Новости

Uncategorized

Кожни здолништа

Кожно здолниште
Кожните здолништа во pensil форма се карактеристично модно издание есенва и истите се од оригинална јагнешка кожа. Друга форма на кожни здолништа е А -форма во мини должина која се комбинира со чизми над колена и дебела холахопка. Популарни се и кожните миди здолништа во комбинација со ниска чизма до над глуждот.
Плетените широки и топли џемпери се вистински погодок за комбинација
кожа-плетиво. Сите здолништата освен оние во pensil форма имаат и додаток -колан од истата кожа која е вплетена или вкрстена околу половината .
Почувствувајте ја топлината на меката кожа на своја кожа и ќе го збогатите чувството на стилска икона.

GOLD
To Top