Новости

Uncategorized

Арт фотографии кои го откриваат прашањето:,,Што всушност се крие зад навидум ,,добричките и скромни” принцези од бајките?”

Се чини дека бајките се голема инспирација за уметниците. Фотографите ја доловуваат приказната од бајките преку моделите и нивните костими. Светлото, реквизитите, сценографијата и костимографијата се воодушевувачки и не само што ја доловуваат вистинската приказна од конкретната бајка што ја одбрале за сетот, туку и отвараат нови видици и перспективи за психолошката и ментална состојба на истоимените ликови.

Алиса во земјата на чудата и нејзината итрина, Снежана и нејзината сензуалност и латентен сексапил кој всушност се крие зад една навидум срамежлива девојка, шармот на Пепелашка и вечниот страв за времето кое брзо ни поминува. На една од фотографиите е претставено прашањето:,,Кој всушност се крие во огледалцето на злобната вештерка што му дала да гризне од јаболкото на Снежана. Дали е можеби тоа алтер егото на вештерката и зошто Снежана гризнува од ,,забранетото” јаболко неможејќи да му одолее како Ева? Константното чувство на затвореност и инхибираност на убавицата и ѕверот и кој впрочем е во затвор во себеси. Ѕверот или убавицата? Можеби токму недостижноста да бидеш со оној кој го сакаш е стаклото во која се наоѓа цвеќето кое венее. Но, тоа е за нарцисоизмот на принцот кој се претворил во ѕвер или можеби за убавицата која не може да биде со принцот поради неговиот егоцентризам, безумие, лакомштилук и самобендисаност! Црвенкапа и стравот во осамената шума која изгледа уште како мали ни објаснува дека понекогаш секој од нас ќе се изгуби во мракот, а и голема е веројатноста да наиде на ,,волк” кој ќе не шармира со неговата маска. Заспаната убавица и спокојот кој се чувствува штом некогаш ни треба малку подолго време од вообичаеното за да избегаме од реалноста. Но, што ако не дојде принцот во правилен момент за да не разбуди со бакнеж? 

Нашето око внимателно ги долови токму овие фотографии на кои се истакнати и моделите на прекрасните принцези кои овие девојки ги носат раскошно и соопштуваат нешто многу подлабоко.

GOLD
To Top