Новости

Uncategorized

26 загинати во поплавите во Италија

Најмалку 17 лица загинаа во невремето кое оваа недела ја погоди Италија, а во поплавата кај Палермо, животот го загубија 9 лица.

Италијанското државно радио јавува денеска, дека река, надојдена од обилни дождови, во руралното подрачје кај Палерно поплавила куќа, при што загинаа 9 луѓе, членови на две семејства кои заедно го поминувале викендот.

Државното радио јавува дека едно лице ја преживеало поплавата во саботата вечерта, цврсто држејќи се за дрво.

АНСА јавува дека две лица денеска исчезнале во други инциденти на Сицилија, откако водената стихија им го однела автомобилите, меѓу кои и автомобилот на лекар кој се упатил во болницата во Корлеоне.

Обилните дождови паѓаат на Сицилија, јужниот италијански остров од саботата, неколку дена откако бури го погодија поголемиот дел од северна Италија, пренесува АП.

Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека во петокот во удар на гром на Сардинија загина турист од Германија.

Како што пренесува Ројтерс, уште едно лице, кое пред некој ден го удрило гром, починало во болница.

Повеќето животот го загубиле поради скршените стебла.

Според проценката на Здружението на италијанските земјоделски компании, во невремето се уништени 14 милиони стебла дрвја.

Најголема штета претрпеле областите околу Венеција, каде поради одрони се отсечени села и патишта.

СН Брокер
To Top