Новости

Uncategorized

Диетата на Мерлин Монро би ги загрозила денешните нутриционисти

Мерилин Монро и денес се смета за еден од најубавите холивудски диви која гордо ги покажувала своите облини, а притоа јадел што ќе посакала. Нешто на кое денешните нутриционисти потполно не би се согласиле.

Таа била првата жена во Холивуд која јавно зборувала за својата исхрана. Во една статија објавена во 1952 година во магазинот „Pageant“ со наслов “Како останувам во форма”, 26-годишната Мерлин открила дека никогаш не го сметала своето тело за извонредно.

Мерлин била висока околу 160 сантиметри, а нејзината тежина варирала помеѓу 50 и 60 килограми, но никогаш не била оптоварена околу тоа.

Што се однесува до исхраната, таа сакала јајца и месо, и го открила рецептот за нејзината магична напивка – еликисир што ја пиела секое утро, давајќи и енергија и виталност.

– Слушнав дека мојата исхрана се смета за чудна, но јас не мислам така. Секое утро пред да одам под туш, загревам чаша млеко и додадам две јајца. Ги мешам со вилушка и ги пијам заедно со витамини додека се облекувам. Мислам дека докторите не можат да понудат похранлив појадок за една вработена девојка која е претрупана со обврски и секогаш се брза – објаснува таа.

Нејзиниот ручек секогаш се состоел од некое добро парче месото, и наместо да не вечера доцна или да јаде некоја оскудна салата, таа побрзо вечерала јагнешко месо или ракчиња, во комбинација свежи моркови. Денот обично го завршувала со нејзиниот омилен десерт – сладолед.

Се мислиме само што би рекла Монро ако дознае што се не прават денешните фимски диви за да изгледаат совршено! Ах кога би дознала…

GOLD
To Top