Новости

Вести

Замрзнување на лозовите и овошните насади

Додека во овој период од годината плодовите насади се во најчувствителната фаза на почетокот на формирањето на плодот, агрометеоролозите најавуваат пролетни ниски утрински температури кои ќе предизвикаат штета кај плодовите насади.

Минатата година Комисијата за проценка на штетите на земјоделските култури пријавија штети од 30% до 100% на лозовите и овошните плодови насади поради пролетниот мраз. Најмногу штета на плодови насади беше пријавена во Пробиштип, Кочани, Битола и Охрид.

Како еден од најдобрите начини на заштита на плодовите насади се препорачува осигурување на земјоделското производство.
Федерацијата на фармери ги повикува земјоделците да го осигураат своето производство бидејќи климатските промени прават голема штета на нашето земјоделско богатство.

Евротип
Евротип
To Top