Новости

Балкан

Најмалку 38 жртви во двата напада крај стадионот на Бешикташ во Истанбул

Досега има 38 жртви во двата бомбашки атентати во непосредна близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, цитиран од светските агенции.

istanbul-1

-Според последните податоци, во синоќешните напади загинале 38 лица. Од нив 30 се полицајци, седуммина се цивили, а идентитетот на еден од убиените се уште не може да се утврди, посочи Сојлу.

istanbul

Тој додаде дека бројот на приведени за врска со двојниот атентат се зголемил на 13 и има податоци за евентуално учество во нападите на Курдската работничка партија (ПКК).

Вицепремиерот Нуман Куртулмуш, исто така, изјави дека има можност ПКК да стои зад двојниот атентат во Истанбул, информира ТАСС.

-Засега нема конечна потврда, но, сепак, има податоци дека ПКК стои зад нападите, рече Куртулмуш, цитиран од турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

GOLD
To Top