Новости

Балкан

Најмалку 4 мртви во експлозија на воз со гас во Бугарија

Голема експлозија се случи во местото Хитрини, во бугарската област Шуменско, откако товарен воза со 26 цистерни со гориво излетал од шините и се запалил. Најмалку 5 лица загинаа и 23 се повредени како резултат на експлозијата утрово на железничката премини околу 5.45 часот.  Возот бил полн со гориво – ТНГ и пропилен.

Станува збор за 26 цистерни, од нив 23 биле полни и 3 празни. Како резултат на судирот една од цистерните се запалила. По последната експлозија  пожарот се ширел многу брзо на станицата и соседните градби.

Се тврди дека околу 20 згради се тешко оштетени. Градоначалникот на селото Нуридин Басри откри дека има големи штети.

Уште една жена се води како исчезната, која не е уште пронајдена под остатоците од нејзината куќа. Медиумите пренесуваат дека во местото уште горат некои од куќите.

GOLD
To Top