Новости

Вести

Хип-хоп награди во Битола на 4 декември

На 4-ти декември во Битола ќе се одржи настанот Хип-Хоп Награди Битола 2016.

Според големината на имињата кои ќе бидат присутни во Битола на тој ден, настанот е наречен како настан на деценијата.
На оваа манифестација учество ќе земат сите ,македонски Хип-Хоп артисти, како и најпопуларните артисти од Балканот и оние кои оставиле белег врз Хип-Хоп културата, а сето тоа зачинето со харизмата и хуморот на Марјан Ѓоргиевски, кој годинава ќе ја има улогата на домаќин и водител.
Пиротехничко шоу, одлична сценографија, танчери и графити, спектакуларно лајт шоу и проџектори и холограми се некои од деталите кои ги ветуваат организаторите на настанот.

Едо Мајка, Криско, Bad Copy, Слаткаристика, САФ, Тита, Ексцес, Токсиколози, Поетика, Туна и многу други ќе ја збогатат понудата на овој настан и ќе направат Урбаната култура повторно да биде презентирана пред младите како опција и  начин на живот. Битола и енергијата која ја имаат Битолчани, го заслужуваат овој настан, велат организаторите.

GOLD
To Top