Новости

Вести

Боли денот што по утрото се препозна! – Посветено на 45 души кои денес заминаа кон вечноста

Денес нема воздух… Замолчи и самиот молк. Не тлее во тивко. Си ја изми душата во болка и вришти и моли до небото низ солзи.

Болат зборовите, излишни се! Болат гласовите, вестите, телевизорот, социјалните мрежи, болат слики. Ќе боли оваа историја.

Нема утеха, нема рамо над кое ќе боли животот! Боли денот што по утрото се познава.

Eчат камбаните, во мрак се стуткаа мислите, се лее душата во големо празно. Се облече една мајка во црно! Еден татко ја прегрна вистината и горко го моли ,,вчера” да се врати.

Како низ скршено стакло…Како низ скршен филм што не успеа да исплови низ мигот што ,,им” замина… Низ пламен… Живот како свеќа!

Нема простор за критики, нема простор за лоши мисли, нема простор за омраза, нема простор за она ,,подоцна”, зашто еден ден може да стане ,,ПРЕДОЦНА”!
Живот…Како свеќа!

автор: Елена Наумовски

Евротип
SNBROKER
To Top