Новости

Вести

Време е да се разбудиме во свет на љубовта – Тоше Проески, болка до непребол

На денешен ден се случи најголемата трагедија за
македонската и балканската музичка сцена. Мега-ѕвездата Тоше Проески трагично го изгуби својот живот по кобната сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка, во Хрватска.

Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, големото име на Проевски е пример и доказ дека доброто постои во луѓето. Тоше не учеше за хуманост, несебичност, љубезност и неговата позитивна насмевка знаеше да допре до сечие срце. Проески постхумно, не без причина беше прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Денес се сеќаваме на големиот непребол и болка до балчак, на неговиот живот кој пребрзо згасна.
Денес за момент направете паралела на презентот и минатото во кое постоеше оваа голема ѕвезда?! Денес, запрашајте се што се променило толку многу што се откажавме дури и од песна,насмевка, добрина и сме станале себични, лакоми, љубоморни.  Барем денес сетете се на неговата енергија, неговата волја, верба во Бога и се она што е добро и направете да ве паметат по истото!
Животот е игри без граници, а ние време е да се разбудиме од денешното ,,лудило” во свет на љубовта!

Евротип
Евротип
To Top