Новости

Вести

Застрашувачки вести! – Луѓе паѓаат од авион во Авганистан!

Стампедо од преплашени луѓе кои бегаа од талибанската окупација во неверување, владее од синоќа на аеродромот во Кабул, а на интернет се појави видео снимка на која се гледа како луѓето паѓаат од крилото на авионот, по кое се искачија за да избегаат од земјата на сигурно.

На видеото се гледа како авион полетува од аеродромот во Кабул и најмалку две лица паѓаат од авионот.

Локалните жители кои живеат во близина на аеродромот во Кабул, тврдат дека виделе тројца мажи како се држат за тркалата на авионот, а кои подоцна испаднале од него, пренесува Индија ТВ News.

Еден од локалните жители го потврди тоа и рече дека падот на овие луѓе направи силна и застрашувачка врева!

Евротип
SNBROKER
To Top