НАЈНОВО

ВестиСвет

Денес православните верници го прославуваат Божиќ – Најрадосниот ден на љубовта, спасението, единството!

Денес православните верници го прославуваат Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.

Бадник и Божиќ се најубавите празници кои го зближуваат семејството, зборуваат за љубов, надеж, не сплотуваат. Ова се празници кои носат топлина и радост во секој дом.

После Бадник каде со семеен посен ручек или вечера се најавува најрадосниот ден во православието, на Божиќ, се прославува Христовото раѓање, а со тоа и спасението на човечкиот род.

Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“. Според стариот јулијански календар се раководат
Македонската православна црква – Охридска архиепископија, заедно со најголемиот број православни верници во светот, како тие на Ерусалимската патријаршија, Српската, Руската, Грузиската црква и на Света Гора го одбележува Христовото раѓање според јулијанскиот календар.

На овој ден да се потсетиме на добрината, радоста, љубовта, хуманоста. Да веруваме во чуда и да бидеме добри како што е Бог. Христос се роди!

Поврзани новости