Новости

Балкан

Албанија од земјотреси во силно невреме: Поплавени улици, свлечишта по патишта, скршени дрвја

Албанија во утринските часови беше погодена од уште еден земјотрес, кој е со магнитуда од 3.4 степени. Епицентарот на денешниот земјотрес е во регионот на Вора , 17 километри од Тирана, во длабочина од само еден километар.

Од друга страна синоќа Албанија беше погодена од силно невреме, проследено со ветришта и поројни дождови. Најпогодените региони се Тирана, Драч, Лежа, Елбасан и Дебар.

Во главниот албански град од дождовите и силните ветрови беа скршени дрвја, а во Драч дел од градот остана без електрична енергија исто како и Дебар.

Додека пак дождовите предизвикаа и свлечиште на камења на патот Бурел-Милот, по што и сообраќајот беше отежнат.

Балканвеб јавува дека од невремето поголеми проблеми има во Лежа и Круја, каде од врнежите постои опасност да бидат поплавени домови.

GOLD
To Top