Новости

Балкан

Албанија ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки

Албанија, која започна со олеснување на некои од најтешките рестриктивни мерки во Европа оваа недела, што беа воведени поради пандемијата со Ковид-19, ќе им овозможи на продавниците, таксистите и судовите да продолжат со работа следната недела, доколку ги исполнуваат стандарди за хигиена и физичка дистанца.

Албанија официјално регистрираше 27 смртни случаи предизвикани од новиот коронавирус. Здравствените власти им препорачаа на граѓаните да останат дома поголем дел од денот, но оваа недела се олеснија ограничувањата со дозволување на 600 видови активности – од риболов до рударство.

Албанците мора да се регистрираат со апликација за да купат храна, не повеќе од 90 минути на ден.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу рече дека доколку податоците за заразените лица со Ковид-19 останат стабилни, тој интервал ќе се зголеми на 2,5
часа на ден.

Меѓу компаниите што ќе започнат со работа повторно следната недела, таа ги наброи продавниците за чевли, облека, мебел, осветлување, електронски уреди и продавници
за цвеќиња.

На таксистите ќе им биде дозволено да работат, но само помеѓу градовите и само ако носат еден патник.

МИА

GOLD
To Top