Новости

Балкан

Банкротираше авиокомпанијата „Адриа ервејз“

Авио-компанијата „Адриа Ервејз“ објави банкрот, со што го затвори бизнисот после 58 години работа.

Во соопштението на компанијата се вели дека на 30.09.2019 година е основана стечајна постапка пред Окружниот суд во Крањ, а судот ќе донесе пресуда за побарувањето во рок од три дена.

„Адриа“ ги запре сите летови минатата недела и се обиде да го реши проблемот во рок од седум дена, но не успеа. Од Владата на Словенија претходно беше побарана еднократна помош од 4 милиони евра, но тоа беше одбиено.

Таа авиокомпанија некогаш била државна, но во 2016-та била приватизирана и продадена на германскиот фонд 4К Инвест

Покрај „Адриа“ во тековната година со работа престанаа и „Германија“, „Флајбми“, „Вау ер“ , „XL ервејс“ и последен во низата гигантот „Томас Кук“.

Извор: faktor.mk

GOLD
To Top