Новости

Балкан

Брегот кај Драч покриен од магла

Несекојдневна глетка е забележана во албанскиот простанишен град Драч, кој е најпосетувана дестинација од туристите во летниот период. Само неколку метри од морскиот брег станало се невидливо.

-Туристите останаa изненадени од глетката што се појави вчера попладне блиску до плажата и на брегот на Драч. Како во филмовите, огромна магла падна над морето, ограничувајќи го погледот и обвивајќи го морето во мистерија,јавиja албански медиуми.

Сепак,тоа не ги спречило туристите да останат да уживаат,но и другите туристи да направат резервации за да го поминат викендот на море.

Во моментот во Драч летуваат илјадници туристи,најголемот број од Косово и од Македонија./МИА

GOLD
To Top