Новости

Балкан

Бугарската владејачка партија води на локалните избори

Првичните резултати од вчерашните локални избори во Бугарија покажуваат дека партија на Бојко Борисов ГЕРБ ќе ја задржи доминацијата, но со помала поддршка отколку пред четири години.
Во Софија, сегашната градоначалничка Јорданка Фандaкова ќе мора, за да се избори за петтиот нејзин мандат, да излезе на вториот круг против Маја Манолова, независна кандидатка која е поддржана од неколку опозициски партии. Таа доби околу 100.000 помалку гласови од минатите избори. Пред четири години ГЕРБ победи во 22 од 28 региони, од кои во 11 уште во првиот круг.

GOLD
To Top