Новости

Балкан

ВИДЕО: Моментот кога Албанија ја погоди силниот земјотрес снимен на камера – граѓаните вознемирени трчаа надвор од објектите

Интернетот е преполн од снимки во моментите кога Албанија беше зафатена од силните земјотреси, од кои најсилниот удри околу 16 часот и 5 минути, а беше со јачина од 5,6 степени според Рихтер, на неколкуметри од приградскиот град Драч.

Според првите информаци од терен лекарска помош поради повреди побарале 37 лица.

Покрај големите штети во Драч, оштетувања на објекти имало дури до Тирана.

Земјотресите беа почуствувани и во Македонија, а предизвикаа вознемиреност кај населението. Многу од жителите во погодените подрачја во Албанија вознемирени истрчаа надвор од домовите и со часови седеа под отворено небо, во страв да не има посилен потрес.

Ваков земјотрес според првичните информации не бил регистриран на ова подрачје 20-30 години.

GOLD
To Top