Новости

Балкан

ВИДЕО: Спасени петтемина Македонски скијачи, кои пропаднале во бездна во Банско

Бугарските медиуми јавуваат дека петтемина Македонци , кои скијале и возеле сноуборд и пропаднале во бездна , се спасени од екипите на Планинарската спасувачка екипа.

Спасувачката акција на Пирин заврши успешно , јавува агенцијата БГНЕС откако петмина македонски државјани кои сијале надвор од патеката , пропаднале во бездна. Акцијата на спасувачите се одвивала во месноста Дамјанишка долина .

Околу 20 часот синоќа, десетмина спасувачи успеале да ги лоцираат и да ги спасат Македонците по неколку часа пребарување на планината.

Тие се во добра состојба, јавува дописникот на БГНЕС од Благоевград , повикувајќи се на информации од Спасувачката служба.

Во акцијта која траела три часа, учествувале 10 спасувачи применале алпинистичка техника за извлекување.

Бугарските медиуми објавуваат дека акцијата била многу ризична и за спасувачите. Тие, како што пишуваат медиумите, ги ризикувале и своите животи, затоа што постоела огромна можност да предизвикаат лавина.

Колку за потсетување во петокот две момчиња од Софија ги загубија животите во Банско , кога на нив се урна лавина.

GOLD
To Top