Новости

Балкан

ВИДЕО: Тензии во Северно Косово, РОСУ наиде на блокади подигнати од локалните Срби

Утринската акцијата на специјалните косовски полициски сили РОСУ во северно Косово и во Митровица за апсење на повеќе полициски службеници и граѓани од српска и албанска националност, осомничени за криминални активности, наиде на вооружен отпор и блокади од страна на локалните Срби.

Епилогот на акцијата е 13 приведени Срби припадници на косовските полициски сили, меѓу кои е и командирот на полицијата во Зубин Поток, а две лица се полесно повредени.

Во исто време, по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ подигната е борбената готовност во Србија.

Во Белград е свикана и седница на Советот за национална безбедност, а Вучиќ ги предупреди претставниците на ЕУ дека Србија ќе реагира, доколку единиците на РОСУ не се повлечат од Северно Косово, а од сојузниците Русија и Кина очекува „секаква помош“.

– Досега се уапсени 23 лица. Имаме докази дека Абанците пукале на Срби. Во тек е претепување на нашиот народ во Зубин Поток, упаѓаат во куќите и кршат се. Нема да дозволиме нова Олуја. Војската ќе го штити народот на Косово, ако дојде до сериозно загрозување на нивните животи, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста по повод настаните во Косово.

Косовската полиција потврди дека досега се приведени над 30 лица од албанска и српска националност, во акција на 400 припадници на РОСУ на целата територија на Косово, по повеќемесечно следење заради криминални дела.

Единиците на КФОР излегоа со соопштение дека операцијата на косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството во Приштина и на територијата на цело Косово, во рамките на борбата против криминалот.

– Ние ја следиме состојбата и во постојана комуникација сме со Приштина и Белград, соопшти КФОР.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај повика на смирување на состојбата, наведувајќи дека акцијата е во насока на борбата против шверцот и организираниот криминал.

Од друга страна, директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, утринава изјави дека „акцијата на косовската полиција е осмислена заради заплашување и протерување на Србите од Косово и преставува најдиректна закана за стабилноста и мирот“.

Според српските медиуми, најкритична е состојбата во Зубин Поток, каде Србите имаат поставено повеќе барикади, а полицијата за да ги пробие користела солзавец, шок бомби и огнено оружје пренесува фокус.

Gepostet von Сандра Добрић am Dienstag, 28. Mai 2019

GOLD
To Top