Новости

Балкан

Важна информација за времето доколку наскоро патувате за Халкидики: Еве што треба да правите доколку ве фати бура

По тешката временска непогода која вчера го погоди полуостровот Халкидики и усмрти седум лица, грчките медиуми пренесуваат дека станува збор за бура каква што со децении не ја погодиле оваа земја.

Иако интензитетот на бурата не можел да се предвиди, било најавено дека северна Грција ќе биде погодена од невреме и дека истото ќе трае неколку дена.

Денеска на Халкидики се очекува максимална дневна температура од 24 Целзиусови степени и наместа облачно време кое ќе се задржи сè до недела, кога се предвидуваат дождови со појава на грмотевици. Нестабилното време се очекува да трае до среда, по што конечно се предвидува подобрување на времето и сончев период.

Остатокот од овој месец ќе биде сончев и топол, а идеалното време ќе продолжи и во август, кога максималните температури дури на крајот од месецот ќе опаднат од 29 на 24 Целзиусови степени.

Меѓутоа, доколку во било кој случај се најдете во епицентар на вакво невреме, имајте ги на ум следните совети кои можат да ви го спасат животот:

– Не тргнувајте на пат доколку се најавува временска непогода.

– Штом слушнете грмотевици, влезете во затворен простор. Пронајдете безбедно место, на пример во купатило.

– Не го заборавајте правилото “30 секунди”. Штом забележите молња, започнете да броите до 30. Доколку чуете удар од гром пред истекот од 30 секунди, веднаш влезете во затворен простор. Не излегувајте пред половина час од последниот удар од гром.

– Доколку се затекнете на отворено, седете на тлото и трудете се површината на вашето тело што помалку да ја допира земјата.

– Избегнувајте бетонски подови и ѕидови – молњата може да патува и низ метални кабли.

– Доколку се најдете во ресторан, седете што подалеку од прозорците.

– Во екот на невремето, не тргнувајте кон вашето сместување – засолнете се на некое место бидејќи силните ветрови можат да откорнат дрво кое може да ве повреди.

GOLD
To Top