Новости

Балкан

Важно известување за сите кои ќе летуваат во Грција од денес до 20 август

Предупредување за оние кои до 20 август планираат да заминат на одмор во Грција. Утре кај нашите соседи се прославува големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Овој ден е неработен. Помеѓу 14 и 18 август, на патиштата, плажите и летувалиштата ширум Грција се очекуваат поголеми гужви од вообичаените, ако се земе в предвид дека и самите домаќини сакаат да се одморат за празниците во некои од хит-дестинациите кои ги посетуваме и ние.

Исто така, можни се и поголеми задржувања на граничните премини и на патарините, па имајте го и тоа в предвид ако овој викенд ваш избор се токму грчките плажи. Задолжително одморете се пред да појдете на пат. За секој случај, со вас понесете доволно вода и овошје. Почесто правете пауза, возете внимателно и бидете трпеливи.

GOLD
To Top