Новости

Балкан

Во Грција пензионерите ќе добијат 13-та пензија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека ќе подели 617 милиони евра на 1,6 милиони пензионери во форма на 13-та пензија во просек по 380 евра на пензионер.

Ќе го запре предвиденото зголемување на ДДВ за островите, кои засолнаа бегалци. На тој начин се обидува да подготви терен за евентуални предвремени избори, коментираат весниците денеска за Ципрас.

Под наслов „Ципрас ќе биде свиткан пред искушението за избори” весникот  „Вима” пишува дека „подароците” за пензионерите доаѓа одеднаш, но не ги решаваат проблемите со кои се соочуваат луѓето од третата доба.

Весникот потсетува дека премиерот го следи примерот на претходниот колега Андонис Самарас, кој во 2014 година исто пристапи така, обидувајќи се да омилостиви дел од електоратот, изјаснувајќи се против политиката на штедење.

„Нова демократија“ го обвинува Ципрас дека се обидува да ги измами пензионерите.

faktor.mk

GOLD
To Top