Новости

Балкан

Во Приштина се роди бебе со два пола

Бебе со два пола се роди на Гинеколошко- акушерското оделение во болница во Приштина. Новороденчето е предвремено родено и тежи само 995 грама.

Бебето после раѓањето е префрлено на Оделението за неонатологија, каде е подложено на неопходни лекарски прегледи.

Директорот на Неонатологија, Џевдет Гојновци, вели дека случаи на двополни бебења се лекуваат на таа клиника и дека ова е второ бебе родено со вакви генетски пореметувања.

Според неговите кажувања, станува збор за случаи кои во медицината се третираат како синдром на хиперплазија на надбубрежната жлезда.

GOLD
To Top