Новости

Балкан

Во Хрватска од грип починале 75 лица

Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) соопшти дека постепено се намалува бројот на болни од грип, од кој досега официјално заболеле 48.080, a 75 луѓе починале.

ХЗЈЗ истакна дека оваа сезона на грип е многу поинтензивна во однос на бројот на заболените во споредба со претходните пет сезони, вклучувајќи и поголем број хоспитализирани луѓе и повеќе смртни случаи поради компликации кои ги предизвикала болеста.

Според хрватските медиуми, досега се пријавени 75 починати, а во сезоната 2017/2018 имало 29 смртни случаи.

Се проценува дека во Хрватска годишно од грип умираат околу 500 луѓе, од кои само мал број се официјално пријавени. Според ХЗЈЗ, тешко е да се каже колку точно луѓе умираат директно, или, почесто, индиректно од грип, како резултат на влошување на основната болест или компликација, како што се пневмонија или сепса. (МИА)

GOLD
To Top