Новости

Балкан

Во Хрватска од грип умреле 35 лица, а 1938 се заболени

Бројот на починати од грип во Хрватска секој ден расте и поради компликации од вирусот досега животот го загубија дури 35 лица.

Станува збор за најголем број починати од грип досега во Хрватска. И лани починаа 35 лица од грип, но тоа беше на крај на сезоната, пишува „Јутарњи лист“.

Тешко е да се процени колку ќе трае сезоната, но според искуствата најчесто трае до Велигден. Интензитетот е силен и предизвикува многу компликации и хоспитализации, вели Владимир Драженовиќ, вирусолог од Националниот центар при Институтот за јавно здравја во Хрватска.

Досега вкупно 1938 лица во Хрватска се заболени од грип, потврдија лабораториските испитувања во Заводот за јавно здравство.

GOLD
To Top