Новости

Балкан

Во Хрватска прв смртен случај поради грип

Во Хрватска, официјално се регистрирани 878 пациенти со грип, а едно лице почина, соопшти хрватскиот Институт за јавно здравје.

Врвот на сезоната на грип се очекува на крајот на овој и следниот месец, јавија хрватски медиуми.

Еден смртен случај е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Пријавени се уште четири смртни случаи во Институтот за јавно здравје, но се уште не се потврдени дека се предизвикани од грип. На Клиниката за инфективни болести во Загреб, хоспитализирани се 20 пациенти со симптоми на грип.

GOLD
To Top