Новости

Балкан

Во сообраќајна несреќа загина Шабан Шаулиќ

Во сообраќајна несреќа во Германија, трагично загина еден од најпопуларните пејачи на народна музика на Балканот, Шабан Шаулиќ. Веста ја потврдија српските медиуми.
Според неофицијални информации, Шабан Шаулиќ бил во автомобилот со неговиот кум и возачот, а несреќата се случила во околината на Билефелд, каде што претходната ноќ одржал настап.

Шабан Шаулиќ после несреќата итно е префрлен во болница, но за жал им подлегнал на повредите.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 во Шабац.

GOLD
To Top