Новости

Балкан

Вучиќ се заканува со бојкот на Брисел

Германската новинска агенција ДПА пренесува дека српскиот премиер Александар Вучиќ нема да учествува на церемонијата доколку Хрватска не се откаже од отпорот за отворање на поглавјето 26 (култура и образование) во српските пристапни преговори со ЕУ.Доста е од барања, изјавил Вучиќ. Официјален Загреб инсистира на подобрување на положбата на хрватското малцинство во Србија, посебно во врска со учебниците.

Германската канцеларка Ангела Меркел, како што пишува ДПА, вчера го „предупредила“ хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека билатералните проблеми треба да ги решава билатерално. Ова го изјавила на прес-конференцијата по состанокот со Пленковиќ во Берлин.

GOLD
To Top