Новости

Балкан

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски се обрати пред граѓаните на Општина Етимесгут

Во рамките на работната посета на Република Турција во Општината Етимесгут, Анкара, градоначалникот Кузманоски зеде учество на 16-тиот културен фестивал Анадолиски денови.

Градоначалникот Кузманоски ги покани граѓаните на Република Турција да ја посетат Република Северна Македонија и да инвестираат во нашата држава.

“Северна Македонија и Турција се пријателски земји. Нашите народи се братски народи. Да продолжиме да ја негуваме нашата традиција и заедничкото пријателство. Како градоначалник на Општина Новаци ве поканувам да ја посетите нашата земја и да инвестирате во нашата држава” – истакна Кузманоски.

Покрај градоначалникот Кузманоски, на фестивалот беа присутни и пратеникот во македонското собрание и претседател на Партијата на турското движење, Енес Ибрахим, амбасадорот на РСМ во Анкара, Звонко Муцунски, Нурфет Карага директор на Државен девизен инспекторат и Илхан Рахман директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во РСМ.

Претседателот на БИСАФ Фондацијата, Јуксел Озкале, му додели плакета на градоначалникот Кузманоски, за значаен придонес во зајакнување на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција.


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КУЗМАНОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА Р.ТУРЦИЈА

На покана на градоначалникот на Општина Етимесгут од Градот Анкара Енвер Демирел, и претседателот на Фондацијата за економски истражувања на иселениците од Балканот Јуксел Озкале, градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски ја започна својата работна посета во Република Турција. Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски оствари средба со градоначалникот на Општина Етимесгут Енвер Демирел, со кого што го предводеа маршот по повод Денот на победата кој е државен празник во Република Турција. Градоначалникот Кузманоски оствари средби со дел од иселениците од Република Северна Македонија во Анкара, а исто така ги презентира и можностите за инвестирање во нашата земја. Работната посета е со цел промоција на Република Северна Македонија пред турскиот народ, кои што според податоците на Државниот завод за статистика се најбројни туристи во нашата држава, како и можностите за меѓусебна соработа помеѓу општините Новаци и Етимесгут.

GOLD
To Top