Новости

Балкан

Гром удри во авионот со кој летал Ивица Дачиќ

Гром удрил во авионот со кој шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, летал за Словенија. Според српските медиуми, молњата удрила додека авионот бил над Љубљана, a bлагодарение на присебноста на пилотот авионот безбедно е приземјен на љубљанскиот аеродром.

– Се слушна мала експлозија, видовме блесок. Но, не ни може никој ништо – рекол тој за „Курир.рс“.

Дачиќ го продолжил патот кон Блед каде ќе учествува на Стратешкиот форум.

Инаку Словенија и Хрватска ги погоди силно невреме каде само за два часа забележани се повеќе од 20 илјади молњи.

 

GOLD
To Top