Новости

Балкан

Грците нудат куќа, имот и 500 евра месечно на секој кој ќе се досели на овој остров

Преубавиот грчки остров на југот од Пелопонес – Антикитера официјално има 20 жители. Поради се помалиот број на жители и со оглед на фактот дека без нив се ќе пропадне, Грците нудат куќи, парче имот и 500 евра на сите оние кои ќе одлучат да се доселат на ова место.

Високите карпи кои гледаат кон морето, ги кријат заливите и пештерите, малото село во кое времето како да застанало и бујната вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда ќе ви посакаат добредојде.

 

View this post on Instagram

 

Port of #antikythira island #Kythera #wildbeauty photos by @tanyachlampea

A post shared by Hotel Pelagia Aphrodite Κύθηρα (@pelagia_aphrodite) on

Во близина на ова место се наоѓа Крит, каде до таму може да стигнете со траект за два часа. Антикитера е прилично диво место, со недопрена природа и токму тоа ова место го прави толку шармантно. Морето е кристално и совршено за нуркање, а на плажите нема гужви.

Доколку посакате да се исклучите од секојдневието и да се почувстувате како да сте надвор од светот, да потонете во мир, ова е вистинското место за вас. На островот постојат само три села во кои доминираат главно бели куќи и тесни улици, но има и неколку таверни и продавници.

Ништо на Антикитери не е слично со Парос, Миконос и Санторини, овде се гледа автентичноста на Грција. Сепак и покрај се туристите ова место го избегнуваат, а се чини дека и локалните жители му свртеа грб. Тука живеат од 20 до 40 луѓе, нема ниту едно дете и се што се случува, се случува во селото Потсмос, пренесува „Noizz“.

GOLD
To Top