Новости

Балкан

Грција го забрани увозот на свинско месо од Бугарија

Грција го забрани увозот на свинско месо од Бугарија, а Агенцијата за безбедост на храната воведе вонредни мерки за контрола по информацијата за жаришта на африканска чума кај свињите во Бугарија.

Се вршат строги контроли на граничните пунктови и целосно е забранет увозот на свинско месо и производи.

Засега нема регистриран случај во Грција, соопшти Министерството за земјоделство. Експерти претпоставуваат дека вирусот би можел наскоро да ги зафати и фармите за свињи во Грција.

GOLD
To Top