Новости

Балкан

Грција планира нови правила во туризмот за ова лето

Коронавирусот донесе големи промени во животите на луѓето, па затоа и туризмот ќе треба да се промени драстично заради пандемијата. Затоа Грција подготвува нови правила.

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис рече дека ќе има „специфични нови правила“ за туризмот за време на кризата со коронавирус.

Туризмот учествува со 20% од економијата во Грција, при што еден од пет Грци се вработени во оваа индустрија.

Теохарис, кој треба да одржи разговори со своите колеги од ЕУ, за „Гардијан“ рече: „Ако сакаме да размислиме за можноста за патување оваа година, тоа треба да биде под специфични нови правила“.

„Мора да имаме нови правила за хотелите, нови правила за плажите, нови правила за базените, нови правила за појадокот, нови правила за туристичките автобуси“.

За регулативата која се очекува да ја разгледаат министрите за туризам од различни земји на ЕУ денес, најверојатно ќе се бара мерење на температура и тестови на крвта за патниците, објави весникот.

Во истото интервју, Теохарис рече дека бара да се воспостави заеднички пакет правила за земјите од ЕУ што ќе им овозможат на луѓето да се движат меѓу земјите и во исто време да има „економска смисла“.

GOLD
To Top