Новости

Балкан

Грција ја проширува програмата „Златна виза“

Грчкото Министерство за миграциската политика планира да поднесе до парламентот амандман на програмата „Златна виза“, која се однесува за обезбедување на дозвола за престој на инвеститори од земји надвор од ЕУ, кои вложуваат средства надвор од секторот за недвижности, соопштува грчкиот весник „Катимерини“.

Амандманот предвидува програмата „Златна виза“ да се прошири и да вклучува инвеститори со депозити од најмалку 400.000 евра во грчка банка. Програмата предвидува обезбедување на дозвола за престој од пет години, што дава можност за носителите и на нивните семејства да престојуваат во која и да е земја од ЕУ.

Поконкретно поправката дозволува влез и престој во Грција на жители на земји надвор од Унијата, кои направиле барем една од следниве инвестиции во земјата:

– оние кои инвестирале најмалку 400.000 евра во компанија која е базирана или чија централа се наоѓа во Грција (без компаниите кои инвестираат во недвижности);

– оние кои инвестирале минимум 400.000 евра во компанија за инвестиции во недвижен имот, која цели да вложува средства ексклузивното во Грција преку купување на акции при зголемување на акционерскиот капитал;

– оние кои инвестирале најмалку 400.000 евра, па се стекнале со ексклузивни акции во компании кои се базирани или чија централа се наоѓа во Грција;

– оние кои купуваат грчки државни обврзници од локална кредитна институција, а притоа вложиле минимум 400.000 евра со рок на достасување најрано по три години;

– оние кои имаат депозит од минимум 400.000 евра во грчка кредитна институција со фиксен рок од најмалку 12 месеци;

– оние кои инвестирале минимум 800.000 евра во акции, корпоративни хартии од вредност или грчки државни хартии од вредност кои се тргуваат на регулирани пазари;

– оние кои инвестирале во акции во вредност од најмалку 400.000 евра во корпорација за алтернативни инвестиции утврдена во Грција или друга земја-членка на ЕУ, која цели да инвестира ексклузивно во недвижен имот во Грција под одредени услови.

Надлежниот орган кој ќе ги процени поднесоците и ќе донесе одлука за издавање или обновување на дозволата за престој на државјаните од трети земји и на нивните семејства, ќе биде Министерството за миграциска политика.

GOLD
SN Finansii
To Top