Новости

Балкан

Грчкиот остров повеќе нема место за туристите, реагирала и Европската унија

Еден од најубавите грчки острови Санторини повеќе не може да го поднесе големиот број туристи, сметаат од Комитетот за транспорт на Европскиот парламент (TRAN Committee).

Санторини го достигнал максималниот број во 2017 година, кога “угостил” 5,5 милиони посетители, а во однос на 2012 година кога имало “само” 3,3 милиони туристи, тоа е за 66 отсто повеќе. Во текот на 2018 година, на пристаништето во Санторини пристигнале 474 крузери со околу 750 илјади патници, што е за 130 илјади туристи и 70 бродови повеќе од оние кои пристигнале во 2017 година.

Колкав метеж создаваат туристите на малиот остров се забележува и по фактот дека на еден квадратен километар во текот на 2017 година имало 107,8 туристи на 100 жители.

Иако големиот број на туристи му носат околу десетина милиони евра на Санторини, тие создаваат низа проблеми во природната околина како недостаток од вода и електрична енергија, како и удвојување на бројот на илегални сместувања по пат на “AirBnB” од кои властите немаат корист. Европскиот парламент тврди дека одговорноста за ситуацијата на Санторини ја сноси грчката влада која мора да го предвидува текот на туристите и во склад со тоа да создаде механизми кои ќе го одржуваат редот на островот.

Несогласувањата помеѓу локалната самоуправа и министерството за туризам довело до серија проблеми кои сега ќе ја чинат Грција повеќе од тоа што го добива од самиот туризам.

GOLD
To Top