Новости

Балкан

Демонстрантите го „соборија“ Еди Рама

На синоќешниот протест на опозицијата во Албанија беше урнат споменикот на Еди Рама поставен пред парламентот.

Со овој чин, здружената опозиција предводена од лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, сакаа да испратат порака дека времето на владеење на премиерот Рама – завршува, пренесе Albanian Daily News.

Албанија е во тешка политичка криза поради инсистирањето на премиерот Еди Рама да одржи локални избори следниот викенд на што се спротивставуваат опозицијата и претседателот Илир Мета.

Извор

GOLD
To Top