Новости

Балкан

Демонстранти во Белград насилно влегоа во зградата на РТС

Членовите на жандармеријата, по неколку часа од зградата на Радио-Телевизија Србија, ги истуркаа демонстрантите „Еден во пет милиони” и претставниците на опозицијата. Демонстрантите околу 20 часот се упатија кон зградата на РТС, барајќи вклучување во програмата во живо. Полицискиот министер Небојша Стефановиќ рече дека сите оние што го направиле инцидентот ќе бидат одговорни пред законот и посочи дека демонтрантите го примениле македонското сценарио и дека главниот за таквиото сценарио веќе добил казна од 18 години алудирајќи на осудениот Митко Чавков.

„Државата на ова ќе мора да одговори и секој кој беше во РТС насилно, против законски, правел насилство, се заканувал или на друг начин ги кршел законите, ќе одговара прекршочно и кривично, секој човек. Овие луѓе кои се восхитуваат со „македонското сценарио“ и велат дека е прекрасно што некој е осуден во Македонија и што некој дозволил народот да влезе во Собранието, осуден на 18 години затвор, сега го прават тоа, упаѓаат во РТС, повикуваат на насилство, на кршење на законот, на насилство кон новинарите и вработените во РТС“, изјави вечерва министерот за внатрешни работи на Србија. – Небојша Стефановиќ

.

На втората специјална прес конференција, министерот Стефановиќ рече дека полицијата, на мирен, сериозен начин, го почитувала законот, воспоставила ред и мир и ги заштитил сите што работат на РТС. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе се обрати на јавноста утре во 12. Уште во 22.3 часот пред влезот на РТС од паркирање во Абердаре ситуацијата ескалираше. Граѓаните тропале на вратата и се обидувале да влезат. Учесниците на протестот „Еден од пет милиони” влегле во изградбата на јавната служба, предводена од водачот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ. Исто така биле присутни, лидерот на Демократската партија, Зоран Лутовац и еден од лидерите на Алијансата за Србија, Драган Ѓилас. Демонстрантите барале да се вклучат во програмата во живо на Радио-Телевизија Србија.

Бошко Обрадовиќ рече дека демонстрантите сакаат да ја ослободат Радио Телевизија Србија со цел да ги дознаат целите на учесниците на протестот “Еден од пет милиони” и бараа јавно да говорат во живо.

Граѓаните пред зградата на РТС негодувале и бесно извикувале „Уапсете го Вучиќ“ „Вучиќ лопов“ проследено со многу пцовки. демонстрантите викале кон полицијата “Одете на Косово“, „Дали сте вие луѓе или стока?“, “Кого го браните? Кој ве плаќа?“

Извор: 24.мк

GOLD
To Top