Новости

Балкан

Деца цел час биле заглавени на рингишипл, на 30 метри над земјата во Хрватска

Синоќа околу 19 часот дошло до дефект на голем рингишпил во Биоград на Море, поради што голем број луѓе, повеќето деца, останале заробени на височина од 30 метри, пишуваат хрватски медиуми.

Припадници на противпожарната бригада на Биоград на Море пристигнале брзо, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.

Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала во 20 часот.

Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.

GOLD
To Top