Новости

Балкан

Еди Рама излезе на гласање во бермуди

Околу 3,5 милиони Албанци денеска го остварија своето право на локалните избори кои за албанскиот претседател Илир Мета и опозицијата во таа земја се нелегитимни, додека за премиерот Еди Рама се во согласност со уставот, а ги поддржаа и ЕУ и САД.

Албанската држава веќе неколку месеци се соочува со длабока политичка и институционална криза, откако албанската опозиција излезе од парламентот и ги продолжи своите политички активности преку масовни протести на таканаречената обединета опозиција на улиците на Тирана.

На гласање излезе и албанскиот премиер Еди Рама, кој невообичаено со појави на гласање со кратки панталони, што предизвика бројни коментарни по социјалните мрежи.

GOLD
To Top