Новости

Балкан

Завршена обдукцијата на загинатите, уште не е позната причината за несреќата кај Лесковац

Во капелата во Општата болница во Лесковац денеска завршила обдукцијата врз тројцата македонски државјани кои загинаа кога автобусот во кој се возеле излетал од патот и се превртел.

Во болницата е и возачот на автобусот, кој е на одделението за интензивна нега со повреди на левата потколеница и левото рамо.

Иако медиумите шпекулираа за тоа дека е тој виновен за несреќата, истрагата се уште трае и се друго се шпекулации. Додека дел од патниците тврделе дека возачот возел пребрзо, други велат дека морал ненадејно да закочи за да не удри во возилото пред автобусот. Некои медиуми пренеле информација дека заспал зад воланот, а други, пак, дека разговарал на мобилен телефон.

Дали возачот возел пребрзо, или навистина друго возило ја предизвикало несреќата ќе покаже истрагата.

GOLD
To Top