Новости

Балкан

Западнонилски вирус во Грција – прв потврден случај годинава

После две години, во Грција е потврден првиот случај на западнонилскиот вирус, информираше грчкиот центар за контрола и превенција на болести. Изминатите две години во оваа земја не беше регистрирани случаи на овој вирус во Грција.

Лицето кое го има вирусот, живее во земјоделска област во Арголида, на Пелопонез. Од грчкиот центар за контрола и превенција на болести соопштија дека не е можно да се предвиди каде може да се појави вирусот, советувајќи ги жителите и туристите да се заштитат од комарци, кои ја пренесуваат болеста.

Во Грција оваа болест првпат се појави во 2010 година, кога заболеа 262 лица, од кои 35 починаа.

Евротип
Евротип
To Top