Новости

Балкан

Заради загадениот воздух од денес во Сараево ќе се вози пар-непар

Сараевските власти вчера донесоа вонредни мерки заради влошување на квалитетот на воздухот и воведоа делумна забрана за за движење на моторните возила низ главниот град на Босна и Херцеговина се додека не се подобрат метеролошките услови.

Од денеска од 7 часот им е забрането низ Сараево да се движат автомобилите чии регистрации завршуваат со парен број, а утре движењето ќе им биде забрането за оние автомобили чија регистрација завршува со непарен број, соопшти оперативниот штаб на владата на кантонот Сараево. Забраната вклучува и возила регистрирани во странство. Режимот на наизменично возење ќе се менува секојдневно на полноќ.

Оваа мерка не се однесува на возилата на полицијата, возилата на Министерството за одбрана, јавниот градски превоз, комуналните претпријатија, возила со дипломатски таблички, возилата на Итна помош како и на возилата за снабдување со лекови и намирници.

Казните за непочитување на мерките се од 250 до 500 евра за физички лица, а за правните и до 2500 евра.

Ограничувањето на сообраќајот е воведено откако на мерните станици се измерени концентрации на прашина во воздухот во вредности повисоки од 400 микрограми на метар кубен.

 

 

GOLD
To Top